Вести Култура

Почина култниот германски актер Удо Кир

Германскиот актер Удо Кир, познат по улогите на негативци, чудовишта и вампири, почина на 81 година во Калифорнија.

За време на својата кариера оствари над 270 улоги во американски и европски филмови, а соработуваше со култни режисери но и со Мадона.

Кир се прослави со улогите во филмовите „Flesh for Frankenstein“ и „Blood for Dracula“, а пошироката американска публика го запозна преку „Мојот Ајдахо“.

Тој се појави и во големи холивудски продукции како „Ејс Вентура“, „Блејд“ и „Армагедон“, како и во музички спотови на Мадона.

Роден во 1944 година, Кир започна да глуми во Лондон во 1970-тите и остана препознатлив карактерен актер со култен статус, познат по својата уникатна способност да создава незаборавни и моќни улоги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе