Uncategorized Вести Македонија Најважни

(Видео) Мицкоски: Незадоволни сме од Коцевски, логичен след на настаните е негова смена

Кога разговараме и велам дека сум незадоволен, лично јас и јавноста, од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани по така јавно искажан збор е негова смена, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Многу јасно. Најголем дел од граѓаните, огромен дел, би рекол акламативно, мислат дека не си ја врши својата работа доволно добро“, додаде Мицкоски.

Прекинот на постапката за смена на Љупчо Коцевски, премиерот ја образложи со изборите.

„Еве сега нема избори, може ќе ја продолжиме. Нормално е тоа, не е тоа нешто ненормално. Значи ние ќе си ја продолжиме постапката. А, претходно рековме, еве да му оставиме шанса да се размавне на отворена сцена, да покаже дека е борец за правда, да покаже дека е гладен за правда“, истакна Мицкоски.

Ние, продолжи тој, „не сме задоволни од работата на овој Судски совет и овој обвинител и тоа е наше право да не бидеме ние задоволни“.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе