Балкан Вести

Комбе излета од автопат во Србија – еден малолетник загина, седум други се повредени

Сообраќајката се случила кога по наплатната рампа во правец на Белград, комбето во кое се превезувале малолетниците излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и паднало во канал.

Во возилото се наоѓале осум малолетници на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо-клубот „Партизан“ од Белград кои, според наводите на српското МВР, се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан. Едно од децата, родено во 2009 година, починало на самото место, а остантите седум се повредени и се префрлени во Детската болница во Нови Сад.

„Во сообраќајната несреќа се повредени седум деца на возраст од 13 до 15 години. Беа донесени во Институтот за здравствена заштита на деца и млади во Војводина. Две од нив се сместени на интензивна нега. Едно дете има повреда на цервикалниот ‘рбет и се транспортира во Белград. Раните на друго дете се третирани под општа анестезија. Другите деца беа примени на одделението за набљудување и се во добра состојба“, изјави за РТС доктор Андреа Ѓуретиќ од Детската болница во Нови Сад.

Возачот на комбето е маж на возраст од 43 години кој, исто така е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина со повеќекратни повреди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе