Најмалку 19 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен што ја погоди западна Турција доцна синоќа, со епицентар во близина на градот Синдирги. Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, соопшти дека сите повредени се надвор од животна опасност и дека нивното лекување продолжува во болниците. Од повредените, четири лица претрпеле полесни повреди при обид да скокнат од висина или при пад за време на земјотресот и биле пуштени дома по укажаната медицинска помош. Според податоците, нема загинати, но се урнале три згради и една продавница.Силниот потрес бил почувствуван и во Истанбул, како и во некои делови од Грција. Очевидци велат дека траел релативно долго и предизвикал паника кај населението. По главниот удар следеле неколку послаби последователни потреси.
Најмалку 19 лица повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен што ја погоди западна Турција
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
