Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

Возило со банкноти од 2.000 денари и наводни списоци на гласачи – обвинителството истражува повеќе пријави со наводи за изборен поткуп

Генерално, бројот на известувања кои упатуваат на сомнежи за сторени кривични дела поврзани со изборите е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување, нагласи вечерва јавниот обвинител, Џелал Бајрами.

„На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје се евидентирани следните настани: ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за поткуп при избори и гласање против две лица во селото Согле, Општина Чашка. ОЈО Крива Паланка, исто така, испитува наводи за поткуп на гласачи. ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаја за телефонски влијанија врз гласачи во Куманово и Кратово. ОЈО Скопје е известено од МВР за две задржани лица на гласачко место во Општина Чаир кои одбивале да се легитимираат, како и за две фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба што во суштина е прекршок. На подрачјето на ВЈО Битола, по наводи за поткуп при избори, постапува ОЈО Прилеп за настан во Крушево и ОЈО Охрид за настан во Охрид, каде три лица во возило, по оперативни сознанија на МВР биле запрени и во возилото биле пронајдени банкноти по 2.000 денари и наводни списоци на гласачи. По наредба на јавен обвинител се испитуваат сите околности на случаите“, изјави Бајрами.

На подрачјето на ВЈО Штип, додаде тој, не се примени писмени известувања за кривични дела поврзани со изборите.

„По усно известување за наводен поткуп на гласачи постапува ОЈО Свети Николе, додека ОЈО Штип и ОЈО Кочани постапувале по индиции за поткуп и притисок врз гласачи но наводите се веќе проверени и не се потврдиле. На подрачјето на ВЈО Гостивар, ОЈО Тетово и ОЈО Кичево, по објавени информации на медиуми оформија предмети по допрен глас и испитуваат евентуални прекршувања на изборниот молк во Кичево и во Желино. Исто така, ОЈО Кичево постапува и по информација за нерегуларности при гласањето на едно болно и изнемоштено лице во Македонски Брод. Во ОЈО Тетово е заведен предмет и против непознат сторител на кривично дело повреда на тајноста на гласањето, бидејќи фотографија на гласачко ливче се појавила на социјални мрежи. Станува збор за изолирани настани, а обвинителствата даваат приоритет на нивно итно расчистување“, рече Бајрами.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе