Полицијата потврди дека двајца мажи се уапсени во Чаир бидејќи се претставувале како изборни набљудувачи иако не биле вклучени во изборниот процес.
-Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје. Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Имено, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Според МВР, „локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава.“
МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес и до сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, иако се регистрирани неколку инциденти.
-Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.
Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.
Миомир Серафиновиќ
Како гласаат жителите во селата Блаце и Кожле? – репортажа на ТВ Телма
