Вести Економија Топ вести

Поскапе водата за пиење во Скопје

За околу 10 отсто поскапе водата за пиење во Скопје. Дел од граѓаните веќе добија фактури во кои се забележуваат нови износи. Според пресметките на надлежните, зголемување имало во сите три сегменти и кај водата за пиење, за прочистување на отпадни води и за собирање и одведување на урбани отпадни води. Па така, збирно зголемувањето е околу 10  проценти.

Овој пат одлуката за цената ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што објаснуваат од таму, во случај кога градскиот совет нема да го направи тоа во утврдениот рок,  одлуката ја носи РКЕ. А, кога советите ќе си ја донесат цената претходно регулаторна им утврдува само највисока и најниска цена.

Од Водовод сè уште се чека одговор зошто советот не одлучувал. Од градскиот совет, пак, за Телма брифираат дека ваква точка од мај досега воопшто не била ставена на дневен ред. Одлуката за новите тарифи, пак, РКЕ ги донеле уште на крајот на август.

Во текот на летото, дел од жителите во Скопје, главно оние од повисоките зони, немаа вода. Од Водовод постојано објавуваат соопштенија за рационално користење. Во нивните дописи беше потенцирано дека енормно е зголемена потрошувачката, затоа што се полнат базени, се користи за перење на автомобили и за полевање. Па, така доста добар дел од граѓаните на 40 степени со денови имаа вода дури по полноќ. Без вода беше и болницата Козле која се снабдуваше со цистерни. Но, проблеми имаа и во други градови.

Постојано се зборува дека загубите се високи и надминуваат 60 отсто. Според последниот извештај на регулаторите, од извор до чаша се губат две третини од водата, што се препишува на недоволното инвестирање во мрежата.

Од комисија неколку пати побараа тие да ја одредуваат цената на водата како што тоа го прават со струјата, парното со образложение дека во 21 век сè уште се користат бунари.

Според последниот извештај на Министерството за финансии, ЈП „Водовод и канализација Скопје“ има доспеани, а неплатени обврски од 14, 5 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чудо во Венецуела – осум дена по катастрофалните земјотреси, 43 годишен маж извлечен жив од урнат подрум

Дејан Дејан

Тројца приведени во Чаир под сомнение дека запалиле багер во отпад за секундарни суровини

Tea Dimkovska

Гори над 800 хектари шума, евакуирани повеќе од 150 луѓе – голем пожар на југот на Франција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе