Вести Економија Свет Топ вести

Аеродромите бараат од Фон дер Лајен летно укинување на биометриските контроли – авионите полетуваат полупразни, патници чекаат во редици

Привремено да го суспендира новиот биометриски систем за гранични проверки за време на летната туристичка сезона, побараа авиокомпаниите и аеродромите во Европската унија од Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен.

Според предупредувањата, воведувањето на системот довело до сериозни застои на аеродромите, при што патниците чекаат и по неколку часа на гранични контроли, а дел од летовите полетуваат полупразни бидејќи патниците не успеваат навреме да стигнат до гејтовите.

Во писмо испратено до Европската комисија, претставници на аеродромите, авиокомпании и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, предупредуваат дека ситуацијата станува критична.

Стигнавме до критична точка. Патниците се принудени да чекаат долги редици пред терминалите и на отворено бидејќи граничните служби не можат доволно брзо да ги обработат пристигнувањата, се наведува во писмото.

Индустријата алармира дека поради доцнења на контролите, дел од патниците пропуштаат летови, што директно влијае врз редовноста и пополнетоста на авионите.

Според податоците на здруженијата, времето на чекање на некои аеродроми достигнува и до пет часа. Во некои случаи, патници биле принудени да останат заглавени на аеродромите поради преоптоварени процедури.

Авиосекторот бара од Европската комисија да дозволи привремена суспензија на биометриските проверки во јули и август, период кога патничкиот сообраќај е на врвот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Дејан Дејан

ЦГК: Избледени и необлежани пешачки премини ризик за безбедноста

Дејан Дејан

ДЗР: Слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе