На Градските гробишта Бутел денеска ќе биде погребан Владо Јаневски, пејач и текстописец. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел, објави „Авалон“.
Македонија е во шок по веста за смртта на музичката легенда Владо Јаневски, еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци. Почина пред три дена, по кратко боледување, на една од скопските клиники.
Во негова чест синоќа пред арената Борис Трајковски со собраа голем број на граѓани за да запалт свеќа и да му оддадат последна почит. Неколку часа сите во еден здив ги пееја неговите песни кои ќе останат да живеат во негов спомен како безвременски хитови.
Во чест на Владо Јаневски – вечерва ќе се пеат неговите стихови пред арената „Борис Трајковски“
