Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ кариерата ќе ја продолжи во дресот на грчкиот тим Арис.
Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со амбициозниот клуб од Солун, кој следната сезона од клупата ќе биде предводен од легендарниот Василис Спанулис.
Македонскиот плејмејкер изминатата полусезона ја мина на позајмица во Баерн Минхен од редовите на Зенит Санкт Петербург. Тој го раскина договорот со рускиот клуб и како слободен играч се пресели во Арис.
Претходно Димитријевиќ настапуваше и за Олимпија Милано, Уникс Казањ, Валенсија и Ховентут.
Арис во претстојната сезона ќе се натпреварува во Еврокупот, а со засилувањата летово најавува повисоки амбиции и обид да им ги помати сметките на традиционалните грчки гиганти Олимпијакос и Панатинаикос.
Фото: Арис
