Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, вечерва во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност уште еднаш да му оддадат почит.
Собирот ќе биде можност љубителите на неговата музика уште еднаш да се потсетат на безвременските хитови што ги остави зад себе и со песна, тишина и љубов да му кажат последно збогум.
Владо Јаневски почина на 66 годишна возраст. Ќе биде погребан во среда, на 1 јули на градските гробишта во Бутел
Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
