Стотици пожарникари го гаснат големиот пожар во департманот Од, на југот на Франција. Огнот е распространет на подрајче од најмалку 800 хектари. Властите со апел до граѓаните – бидете внимателни и избегнувајте го загрозеното подрачје“. Евакуирани се меѓу 150 и 200 луѓе
Непристапниот терен и ридски предел, без приодни патишта, ја отежнува работата на пожарникарските екипи. Пожарот изби во моменти кога Франција се подготвува за нов топлотен бран.
Температурите од околу 30 степени се придружени од силни удари на ветрот, што беше причина за ширење на пожарот низ ниски и многу суви растенија, но и борова шума која е исклучително запаллива.
