Се уште е рано да се прогнозира каква цена на струјата ќе плаќаат домаќинствата догодина. Таа зависи од повеќе фактори. Експертската јавност со први коментари по тврдењата на премиерот Мицксоки, дека во 2027 мата струјата ќе поевтини и покрај тоа што ЕСМ ќе треба да испорача само 70 наместо, 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата.
Познавачите сметаат дека без разлика што во моментов цената е ниска заради зголеменото производство од фотоволтаици и има простор да се размислува оптимистички, се уште е рано за конкретни прогнози – конечната пресметката зависи од многу параметри.
Многу е важно тие 30 отсто од каде ќе се набават и по која цена бидејќи очигледно цената на електрината енергија за граѓаните ќе зависи прво од 70 отсто на ЕСМ, дали тие ќе бидат со истата цена што е денес, или ќе бидат со намалена цена зависно од нивната цена на производство, но и другите 30 отсто како и кога ќе се набават, изјави за Телма Виктор Андонов, ксперт за енергетска политика и поранешен советник во влада
Андонов оценува дека сега е добар момент електрани преку повик да ги набават преостанатите количини кои тие нема да мора да ги обезбедат за граѓаните и на тој начин да договорат евтина енергија со цена пониска дури и од онаа на ЕСМ и тоа за еден подолг период од три до пет години.
Ако ги следиме берзите од 10 часот до кај 13 до 14 часот цената на струјата е скоро 0. Сега за мислете вие на тој повик да добиете цена од 20 до 30 евра. Тоа значи дека 30 евра комбинација од соларни електрани со вашата производствена нека е нели 70 , 80 или 100 секако ќе направи сериозна разлика во заштеда на трошоци прво нели во заштеда на јаглен кој е најскап за производство и исто може да обезбеди според моите анализи дури и ЕСМ да заработи, додава Андонов
Премиерот Мицкоски пак вчера во емисијата Директно кажа дека има добро разработен концепт и тврди дека струјата идната година не само што нема да поскапи, туку е убеден дека ќе поевтини.
Пред неколку дена и министерката за енергетика Божиновска кажа дека може да се очекува поевтинување и покрај тоа што ЕСМ ќе ја намали својата испорака и одредени количини ќе треба да се обезбедат на отворен пазар.
Сепак, експертите се на став дека појасна слика за целата состојба ќе има по септември кога Регулаторна ќе ги добие првичните анализи и пресметки.
Ирена Чачкова
