Вести Македонија Топ вести

Тинејџер во Ченто седум пати избоден со нож – семејството бара осомничените да одговараат за обид на убиство

Четиринаесетгодишник бил излезен во Ченто со своите братучеди. Добил повик од другарите да се најдат во парк, но таму наместо со нив, се сретнал со тројца возрасни кои веднаш почнале со навреди и насилство. Прво бил претепан, а потоа седум пати избоден со нож, по што останал да лежи крвав сам среде парк. Ова е голготата што пред 10 дена ја преживеал тинејџер во Ченто. Неговата мајка вознемирена зборуваше за настанот, за кој смета дека институциите сакале да го заташкаат.

„Едниот го удрил со пушка во глава, вториот го удирал по целото тело, а пак третиот со нож го избодел на грбот седум пати“, вели Џељана Селими, мајка на избоденото дете. 

Напаѓачите веднаш избегале од местото. Случаен минувач повикал брза помош и полиција.

Мајката на детето Џељана Селими не е задоволна од тоа како службите го третираат случајот. Вели дека ова не е насилство, туку обид за убиство за што сторителите треба да одговараат.

„Детето не се чувствува безбедноно после тој инцидент, а ниту пак јас. Денеска е мое дете, а утре ќе биде некое друго дете. Не треба да се остави овој случај вака. Надлежните органи треба да го истераат случајот до крај. Овој случај дефинитивно не треба да се води како насилство, туку ова е обид за убиство“, додава Селими.

Од министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдувааат случајот и велат дека работат за негово разрешување.

„Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје затоа што на 22.06.2026 околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР. 

Малолетникот веќе е пуштен дома, но живее во страв. Исто и неговото семејсто. Мајката вели дека немал никакви недоразбирања и не знае што е мотивот за нападот.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца приведени во Чаир под сомнение дека запалиле багер во отпад за секундарни суровини

Tea Dimkovska

Гори над 800 хектари шума, евакуирани повеќе од 150 луѓе – голем пожар на југот на Франција

Sasko Dimovski

Семејното насилство често води до врсничко насилство

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе