Германските федерални истражители поднесоа обвинение против украински државјанин во врска со експлозиите на гасоводот „Северен тек“ за соучесништво во воено злосторство, попречување на јавни служби, предизвикување на експлозии и уништување на објекти.
Серхиј К., како што е објавено неговото име во рамки на германските правила за приватност, е осомничен дека делувал во име на украинските владини субјекти, заедно со друг воен персонал, во уништување на гасоводот во 2022 година.
Операцијата била со цел трајно запирање на испораките на гас преку гасоводот и оставање на Русија без приходи од трговија со природен гас за финансирање на своите воени активности, рекоа обвинителите.
Осомничениот, како што додадоа, предводел тим на професионални нуркачи и стручњаци за експлозив, во Германија влегов со фалсификуван украински пасош и изнајмил јахта, користејќи фалсификувани документи за идентификација.
Серхиј К. беше уапсен лани во Италија и предаден на германските власти. Тој ги негира обвинувањата.
