Кошарка Спорт

Дарио Шариќ се врати во Анадолу Ефес по една деценија во НБА

Анадолу Ефес официјално го потврди враќањето на Дарио Шариќ, кој потпиша договор на две години со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Хрватскиот кошаркар се враќа во турскиот гигант по една деценија мината во НБА-лигата. Шариќ претходно го носеше дресот на Ефес во сезоните 2014/15 и 2015/16, пред да замине во најсилната кошаркарска лига во светот.

Триесет и двегодишниот крилен центар беше избран како 12-ти пик на НБА-драфтот во 2014 година. Во НБА настапуваше за Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт, Денвер, Сакраменто и Детроит.

Шариќ во Евролигата досега има одиграно 55 натпревари, со просек од 10,1 поен, 6 скока и 1,8 асистенции. Со неговото враќање, Ефес добива големо засилување под кошевите и важен играч во ротацијата на тренерот Пабло Ласо.

Хрватот е и стандарден репрезентативец на својата земја, со која настапуваше на европски и светски првенства, како и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Серена и Венус Вилијамс добија вајлд-карта за Вимблдон

Sportska Redakcija

Проблем за Тухел пред стартот на Мундијалот: Ливраменто отпадна од составот на Англија

Sportska Redakcija

Официјално: Рубен Аморим е нов тренер на Милан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе