Спорт Фудбал

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Мексико Сити не спиеше по историската победа на фудбалската репрезентација над Еквадор од 2-0 и пласманот во осминафиналето на Светското првенство.

Според градските власти, околу еден милион навивачи излегле на улиците на мексиканската престолнина за да го прослават големиот триумф. Најголемата концентрација била кај Ангелот на независноста, но славје имало и на централниот плоштад Зокало, кај стадионот во Мексико Сити, како и на повеќе други локации каде беа поставени големи екрани за следење на натпреварот.

Мексико со головите на Хулијан Киноњес и Раул Хименез ја совлада селекцијата на Еквадор и ја прекина 40-годишната пауза без победа во нокаут-фазата на едно Светско првенство. Последен пат Мексиканците славеле во елиминациска рунда во 1986 година, исто така на домашен терен.


Големото славје, сепак, било засенето од трагичен инцидент. Според „Ројтерс“ и мексиканските медиуми, две лица починале од задушување во близина на Ангелот на независноста, каде што илјадници навивачи се собрале по победата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без нови сензации на СП: Франција, Норвешка и Мексико сигурно до осминафиналето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе