Вести Македонија

Семејното насилство често води до врсничко насилство

Врсничкото насилство често е резултат на семејно насилство. Токму затоа Министерството за образование, заедно со други институции, спроведува проект преку кој се обучуваат стручните служби и наставниците да го препознаат семејното насилство кај учениците, кое потоа може да доведе до врсничко насилство. Целта е навремено да се препознае и да се преземат мерки за превенција.

Министерката Весна Јаневска вели дека министерството презело сет активности за справување со врсничкото насилство во училиштата, меѓу кои и промена на законот за казнување на родителите, но очигледно тоа не е доволно.

„Видеото кое вчера се појави на социјалните медиуми е застрашувачко. Длабока резигнација предизвика кај мене, но и тага. Она што недостасува очигледно е вклученоста на воспитниот процес, и од страна на родителите, не само од училиштата. Денес на територија на Општина Гази Баба се спроведува обука за стручни соработници и наставници за препознавање на семејно насилство кое во најголем процент води и до врсничко насилство“, вели министерката Весна Јаневска.

„Кога ќе го препознаеме на почетокот, ние ќе можеме да интервенираме поадекватно и понатаму, нели, да ги вклучиме службите на Центарот за социјална работа и политика и МВР, ако е потребно. Но, тогаш, голема е веројатноста, дека помалку би ни требале тие служби. Би можело да се работи на превенција уште од најрана возраст. Кога веќе станува збор за физичко насилство, тоа се гледа, но многу се суптилни знаците кога станува збор за другите видови, психичко насилство, економско насилство, значи сето тоа што се случува во семејството, детето може да биде само нем сведок и подеднаква е траумата дали ќе биде малтретирано или ќе биде сведок на насилството дома“, вели Емилија Бошковска од Комората на психолози која е координатор на проектот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амбасадата на САД во Скопје воведува целосно електронско плаќање за конзуларни услуги од 15 јули

Tea Dimkovska

Тинејџер во Ченто седум пати избоден со нож – семејството незадоволно од постапувањето на институциите

Sasko Dimovski

Абази: Кој е тој што ја сум го заштитил?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе