Вести Македонија Најважни

За два дена пунктовите во Трубарево ги посетиле над 200 луѓе, вкупно 19 пратени на дополнителни испитувања

Заврши здравствениот скрининг на жителите од Трубарево кој теренски го спроведуваа лекарски тимови од Клиниката за Пулмологија по пожарот од 13 ти септември во центар за селекција на отпад каде гореа опасен електронски отпад и литиумски батерии. Интересот на граѓаните голем, за два дена пунктовите ги посетиле над 200 луѓе. Од вкупниот број прегледани, 19 лица се упатени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контроли. Прегледите вклучуваа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Пулмолошките тимови детектирале симптоми како потешко дишење, сува кашлица и стегање во градите кај дел од пациентите. Дополнително, биле идентификувани и случаи со висок крвен притисок, кои се советувани да побараат понатамошна нега од своите матични лекари. Министерството најави продолжување на ваквите активности и следење на здравствената состојба на жителите во овој регион. Предвидени се уште два вакви скрининга, на три и на шест месеци со цел да се следи ситуацијата со здравјето на граѓаните на подолг рок и евентуалните здравствени нарушувања кај граѓаните во големото загадување. Скрининг за пожарникарите кои го гаснеа опасниот по здравјето пожар се уште не е закажан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе