Вести Македонија Најважни

Општина Аеродром и Град Скопје поднесоа кривични пријави против ЈП „Комунална хигиена“

Општина Аеродром, а по неа и Град Скопје, поднесоа кривични пријави до Министерството за внатрешни работи (МВР) против ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина.

Во изминатите три дена, како што истакнуваат од Општина Аеродром, нивните екипи во изминатите три дена собрале 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја извршило.

„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности односно чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад. Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање“, соопштија од Општина Аеродром.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе