Вести Најважни Свет

Фон дер Лајен: Соборување на руски борбени авиони во просторот на НАТО и ЕУ е опција која ја разгледуваме

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен изјави дека се разгледува опција за соборување на руски борбени авиони кои влегуваат во воздушниот простор на НАТО и на Европската Унија (ЕУ).

„Мое мислење е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата, а тоа значи дека во случај на упад во воздушниот простор, по предупредувањето, откако бевме многу јасни, секако опцијата за соборување на борбениот авион е на маса“, изјави Фон дер Лајен во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Според неа, Русија ја тестира Европа на сите полиња.

„Тоа е хибридна војна штоја доживуваме веќе со години, а која ја води Русија против демократиите на Европската Унија и останатите. И затоа ние се бориме со сето тоа на различни полиња. И како што реков, тоа е одлука на НАТО, но би била многу јасна, не чепкајте ја нашата територија“, рече претседателката на ЕК.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот по состанокот со неговиот украински колега, Володимир Зеленски, на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации, рече дека земјите на НАТО треба да соборуваат руски авиони кои влегуваат во нивниот воздушен простор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе