Вести Македонија Најважни

Сиљановска Давкова: Македонија наместо поддршка, добива вето од соседите за влез во ЕУ

Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова, обраќајќи се на Годишниот самит на Конкордија, што се одржува денеска во Њујорк.

Tаа рече дека ЕУ, како регионално, европско олицетворение на мултилатерализмот, има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот.

– Европската унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент. Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции, кажа претседателката.

Силјановска Давкова истакна дека ако регионот на Западен Балкан сака да биде дел од ЕУ мора да се поддржува меѓу себе.

– Ако регионот сака да биде дел од ЕУ, мора да се поддржуваме и да се разбираме еден со друг. Како можеме да очекуваме да бидеме разбрани од ЕУ, ако не се разбираме меѓу себе. Треба да се разбираме и поддржуваме, онака како што Шведска, Данска и Норвешка го правеа за балтичките земји. Тие апсолутно ја поддржуваа нивната евроинтеграција и резултатот е очигледен. Но, за разлика од нив нашите соседи често користат вето, а за членство е потребен консензус и ако една земја не се согласува, не можете да станете членка на ЕУ, рече Сиљановска Давкова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе