Овие црвени автобуси сообраќаат по скопските улици, но до кога – останува неизвесно. Откако градот информираше дека добавувачот ја прекинал испораката на нафта, не се знае дали Скопје ќе остане без јавен градски превоз.
Граѓаните чекаат и со часови на постојките, а автобусите се редуцирани, велат тие.
Градот Скопје вчера информираше дека добавувачот на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие ја прекинал испораката, а поради тоа ќе поднесат кривична и материјална одговорност затоа што не го почитувале договорот.
Станува збор за компанијата „Пуцко Петрол“, од каде обвинија дека претпријатието дека им должи над 10 милиони евра.
Ова не е прв пат главниот град да остане без превоз.
Поради долгови и неисплатени плати изминатите години на протести излегоа и приватните превозници и вработени во ЈСП. За сега не е најавена седница на Град Скопје на која би се расправало за проблемот.
Симона Петровска
(живо)Дали главниот град е на работ на колапс во јавниот превоз?
