Ивет Купер, министерката за надворешни работи на Велика Бриранија изјави дека го предупредила Израел да не презема чекори за анексија на делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето палестинска држава од страна на Лондон.
Изјавата на Купер дадена за британскиот национален сервис Би-би-си доаѓа пред денешната конференција во Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на која ќе присуствува таа, и на која се очекува Франција и други држави да соопштат дека формално ја признаваат палестинската државност.
Британскиот премиер, Кир Стармер, вчера официјално објави дека Лондон признава палестинска држава, а истото, во координирани изјави го сторија и Канада, Австралија и Португалија.
Со жестока реакција се јави премиерот Бенјамин Нетанјаху кој кажа дека ова е огромна награда за тероризмот.
Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина
