Вести Македонија Топ вести

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска за оддавање податоци на обвинето лице

Давала податоци на осомничен за криминал со што тој бил чекор понапред од обвинителството и го загрозила безбедносниот систем. За ова судијата Илија Трпков ја осуди поранешната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска на која веќе половина година и се суди. Виновна е, но доби условна осуда, една година во затвор ако стори ново кривично дело во следните три години.

„Функцијата претседател на Државна комисија за спречување на корупција претставува врв на институционалната одговорност на системот на превенција и борба против организираниот криминал и корупција во државата. Секое постапување надвор од законот од страна на претседателот и неовластено споделување на информации надвор од дозволеното претставува исполнување на битието на кривичното дело оддавање на службена тајна“, рече судијата.

Димитровска е осудена дека на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, кој сега е обвинет во случајот Адитив со пораки му издавала податоци од предмети кои биле отворени во антикорупциска за него, додека траела истрагата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Со неа условна осуда доби и нејзиниот колега од државна ревизија, од каде таа дојде во ДКСК, Миле Столевски.

Тој ќе лежи половина година во затвор, ако во следните две години стори кривично дело. Судот смета дека со тоа што го полагал испитот за безбедносен сертификат во име на Димитровска, заедно го загрозиле безбедносниот систем. Обвинителите очекувале ефективна затворска казна, но ќе ја чекаат пресудата дали ќе се жалат.

„Вие како обвинители очекувавте ефективна казна“?

„Во рамките на граница“ – одговорија обвинителите.

Адвокатот на Димитровска не е задоволен од пресудата и ќе поднесе жалба.

„Иако многумина ценат и сметаат дека казната алетрантивна мерка во овој случај е успех во оваа постапка јас сметам дека не е остварено законско битие за кривичните дела кои се стваат на товар“, рече Владимир Туфегчиќ.

Ослободителна пресуда доби Билјана Мантова-Петровска. Беше обвинета  дека  како раководителка во ТЕЦ Неготино на осомничениот во Адитив, Стојановиќ му испраќала документ од БЈБ со барање за да се достават сите податоци за тендерите за мазут кои ги добила фирмата РКМ на Капушевски. Според судот обвинителите, не го докажале обвинението за неа, но обвинителството најави жалба.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе