Вести Македонија

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

На некои места контејнерите се празни, а на други преполни, ваква е состојбата на терен. Дел од граѓаните велат дека комуналците си ја вршат работата, а други тврдат дека сметот не се собира редовно.

  • „Не е проблем само сметот туку и улиците не се чистат. Во Козле се е прашина и ѓубре. Ние имаме канти и порано се знаеше ќе се собере ѓубрето два пати неделно, а сега доаѓаат по еднаш неделно на овие жештини. Кај што има само еден човек дома и не е проблем, ама за поголема фамилија е тешко бидејќи многу големи количини смет се трупаат и не може само еднаш неделно да се собира тоа“, вели анкетиран.
  • „Пред мојата зграда се чисти редовно. Доаѓаат со камиони и го собираат сметот“, вели друг анкетиран.
  • „Не се собира редовно. На нашата улица доаѓаат само по еднаш неделно, ама и тоа не е редовно. Требаше понеделник и четврток да го собираат сметот, ама како што гледам не идат“, вели трет анкетиран.

Последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на претпријатието Комунална хигиена за 2024 година кога градоначалничка на Град Скопје беше Данела Арсовска, а директори во Комунална хигиена Гоце Трајковски и Јетон Незири покажува дека состојбите била загрижувачка.
Според ревизијата, дури 60 проценти од комуналните возила биле нефункционални. Од вкупно 189 возила, само 76 биле во возна состојба, 80 неисправни, а 33 целосно хаварисани.

Просечната старост на возилата што секојдневно излегувале на терен изнесувала 15 години.
Ревизијата утврдила и проблеми во финансиското работење. Над два милиони евра се побарувања чија наплата е неизвесна, додека претприатието должело околу 12 милиони евра.

Од Комунална хигиена пак велат дека кога сегашниот директор ја презел фукцијата имало 16 возила, а сега се оспособени околу 60 возила. Од Град Скопје велат дека првите две нови возила што ги набавуваат се веќе обезбедени и се очекува нивна испорака, додека дополнителните 40 што ги обезбедува Министерството за транспорт треба да пристигнат наредниот месец. Постапката за набавка на нови контејнери е завршена вчера и истите се очекува да пристигнат наскоро.

Тамара Мaрковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Рокас се надева на скоро решение за и Македонија да го фати чекорот на проширувањето

Tea Dimkovska

Брисел го забрзува темпото на проширувањето со денешниот „Супер вторник“ како „највозбудлив“ доказ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе