Вести Економија Македонија

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година, покажуваат пресметките од годишните даночни пријави.

Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот пријавен доход во 2025 година изнесува речиси 10 милијарди евра, што е за 1,2 милијарди повеќе од 2024-та, а пресметаниот данок на личен доход сега е 647 милиони евра, за разлика од претходната година кога биле пресметани 568 милиони евра.

Најголем дел од остварените приходи се од работен однос, дури 7,5 милијарди евра, за кои данокот изнесува 463 милиони евра.

Според Државниот завод за статистика, лани имало за околу 10.000 повеќе вработени отколку во 2024 година. Освен тоа, за поголемите приходи од работен однос придонесува и растот на просечната нето плата која што лани беше за 50 евра поголема и во декември изнесуваше 762 евра, а една година претходно беше 709 евра.

Од самостојна дејност лани биле остварени приходи од скоро 90 милиони евра, од авторски права над 76 милиони евра, од кои заедно во буџетот се слеале скоро 14 милиони евра.

Од продажба на сопствени земјоделски производи, пак, граѓаните оствариле доход од над 360 милиони евра, за што данокот надминува 7 милиони евра.

Доходот од закуп и подзакуп лани изнесува 160 милиони евра, за кои данокот надминува 14 милиони евра.

Вкупните даноци остварени по основ на капитал и капитални добивки се скоро 43 милиони евра.

Управата за јавни приходи пресмета и дека добивките од игри на среќа лани надминале 180 милиони евра, за кои државата прибрала данок во висина од скоро 23 милиони евра.

Мирјана Јовеска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе