Вести Македонија Топ вести

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Круг кој се врти 35 години и во кој политиката и извршната власт сакаат и реализираaт надмоќ врз останатите две власти, судската и законодавната, оцени претседателот на Уставниот Суд, Дарко Костадиновски. При одговор на новинарски паршања за сè почестите опозициски критики кон него, како за одлуката на Уставниот суд за укинување на противзаконски сменетите имиња на улици во Тетово, така и за неговата средба со претседател на Уставниот суд во Србија. Го напаѓаат и СДСМ, и ДУИ и Левица, а Костадиновски вели дека во политичките критики гледа комплимент за добра работа на Уставниот суд.

„Сеуште не викам за сите, ама има имаме сериозно примитивна политичка култура, и тоа е еден од недокажав ако реков дека за каде јас ги гледам проблемите зашто сме се нашле во такво дереџе. Супериорноста, надмоќта на една од властите врз другите власти и тоа креира таков амбиент. Кај нас политичарите или некои од нив од очигледно сакаат да го држат ова општество во онаа квази правна држава. Он да биде важен, политиката да биде важна. Не дали законот кажува дали дава право или зема право. Политичарот што ќе каже“, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Критики доби и од колегите во Обвинителството кои вчера го прашаа зошто по теркот на законот за плати на судиите, Уставниот суд не донел одлука за поништување на повторното, трето, намалување на коефициентите за плати на обвинителите. Костадиновски рече дека на гласањето било 4:4 за платите на обвинителите, а сè уште се разгледува иницијативата за платите во советот на јавни обвинители. Правосудството мора да се бори за своите права и за подобар рејтинг меѓу граѓаните.

„Мораат да испорачаат и судската власт и обвинителството мора да превземаат и тоа јас би рекол радикални чекори за да ја враќаат довербата на граѓаните во системот. Мораат да испорачаат. Што е испорачувањето од борба за нивната самостојност и независност? Никој не ја подарува самостојноста и независноста. Никој не“, додаде Костадиновски.

Костадиновски посочи дека мора да се почне со враќање и подобрување на правната држава и во тој процес ја гледа и улогата на Уставниот суд.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска за оддавање податоци на обвинето лице

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе