Дванаесет лица во притвор и тројца повозрасни лица, од кои две жени се во куќен притвор, вакви мерки им определи судијата на претходна постапка по големата координирана акција во малешевскиот и пијанечкиот регион за нелегално пустошење на шумите во беровскиот регион. Петнаесет лица од Берово, Делчево, Пехчево меѓу кои вработени во ЈП Национални шуми, полициски службеници, шумски полицајци, сопственик на приватна фирма и невработени лица, кои се опфатени во акцијата ќе одговараат за кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, пустошење на шуми, давање и примање на поткуп.
Вчерашната акција откри дека во изминатите години, или повеќе од една деценија во малешевскиот регион нелегално е опустошена шума на површина од 6.000 хектари. На црниот пазар низ годините само од овој регион биле продадени 1.500.000 метри кубни дрва, а шетата на државата е околу 100 милиони евра. Малешевско-пијанечката група која се организирала во текот на оваа година и завчера е фатена има удел во оваа штетат. Истрагата треба да покаже колку дрва имаат нелегално исечени и завршено на пазарот како дрвна граѓа и за пелети.
Според истражувањата на „Рефорд“ пустошењето на македонските шуми е резултат на илегалната сеча на шумата, бизнис кој е исплатлив и е поврзан со корупција, а дел од вработените во институциите се и корумпирани и им помагаат на организаторите и крадците. Инаку, шумите во Малешевијата се палат веќе четврта година по ред. Иако дел од палењето на шумите се поврзуваат со климатските промени, сепак според жителите на овој регион овде има намерно палење на шумските појаси поради илегална сеча на дрјва, па и популарниот бизнис со пелети.
Според податоците на Редфорд во 2023 и 2024 година шумската полиција има поднесено над 900 кривични пријави за нелегална сеча, а бројот на решени предмети е нула. Шумарските инжињери бараат законски измени и нови Закони за да се сопре нелегалниот бизнис со сеча на дрвјата и палењето на шумите. Деновиве една од нив и беше најавена од власта палењето на шумите да се кавлификува како сторено кривично дело тероризам.
Викторија Јованова
