Ако е според довербата, ниеден од функционeрите не смее да земат плата, оценија дел од стручњаците вечерва во Топ тема. Додаваат дека законите од реформската агенда, владата ги прифати, а Македонија е меѓу земјите што помалку одвојуваат за судскиот буџет.
Критики за мешање во правосудството, недостаток на кадар и услови. Има ли волја кај другите две власти да и овозможат финансиска автономија и суштинска независност на судската? – Зошто и по две години од спорните измени на Кривичниот законик со кои се спасија функционери и застареа десетици предмети сè уште важат ниските казни?
Вечерва во Топ тема дебатираа Јелена Кадриќ од „Институт за човекови права“, Ѕвонко Давидовиќ, адвокат и Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
