Вести Најважни Свет

Земјотрес со јачина од 5,2 Рихтери е регистриран во југозападниот брег на грчкиот остров Евија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во југозападниот брег на островот Евија во Грција, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот што се случил 27 минути по полноќ по локално време,  бил на 37 километри североисточно од Атина и на 14 километри од градот Неа Макри, а на длабочина од 10 километри.

Според пишувањата на грчките медиуми, засега не се пријавени повредени и материјални штети.

По овој земјотрес, во околината на градот Неа Стира, биле регистрирани уште неколку потреси чиј интензитет бил до 2,8 степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе