Три лица загинаа откако патнички воз излета од шините во западен Египет, при што загинаа најмалку три лица, а 94 други беа повредени, соопштија властите.
Инцидентот е уште еден во низата железнички несреќи во земјата во последните години. Возот излетал од шините додека патувал кон Каиро од западната медитеранска покраина Матрух, на северниот брег на земјата, соопштија железничките власти. Седум од неговите вагони излегле од шините, додека два од нив се превртеле.
Египетското Министерство за здравство соопшти дека се испратени 30 амбулантни возила за да ги префрлат повредените во болниците. Дополнително отворена е истрага со цел да се утврдат причините за настанување на несреќата.
Се почесто се случуваат несреќи каде возови излетуваат од шините, поради застарениот железничкиот систем и лошото управување. Минатата година, локомотива удри во задниот дел на патнички воз што се движеше кон Каиро во јужен Египет, при што загина најмалку едно лице, а повеќе други беа повредени.
