Балкан Вести Свет

Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска – уапсени три лица

Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар.

„Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од  оваа област, администратор на откупен центар кој го купил товарот и инспектор од подрачната ветеринарна управа“, објавија медиумите.

Тројцата уапсени се обвинети за сторени кривични дела „Повреда на правила за отровни материи“, „Производство и продажба на храна и други материи опасни по здравјето и животот на луѓето“, „Измама со прехранбени производи“ и „Злоупотреба на службена должност“.

Како што претходно информираа медиуми мандарини, биле вратени и од Чешка, Италија и Литванија.

„Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак“, додаваат медиумите.

Анализите потврдиле дека остатоците од пестициди во мандарините биле  од три до 12 пати повисоки од дозволеното со европските регулативи, променети од септември 2023 година.

Мандарини, маслинки и друго овошје и зеленчук произведени во Албанија на големо завршуваат на пазарите во соседните земји, посебно во пограничните косовски и македонски населени места.

Мандарини со забранет пестицид од Хрватска завршиле на пазар во Србија

Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе