Вести Македонија Најважни

Игра на тронови во Обвинителството: Вишото скопско повторно обезглавено- в.д. Крстевска Цалева си поднела оставка, Советот дознал денеска и ќе одлучува на наредна седница

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднела барање да биде ослободена од обврската, времен раководител на Вишото скопско јавно обвинителство кое вчера пристигнало до Советот на јавни обвинители. Обвинителката навела дека причината е затоа што е избрана во Вишото обвинителство пред неколку месеци и сака да се фокусира на работење на предмети. Во барањето препорачала друг обвинител со поголем стаж во ВЈО да биде назначен за времен раководител.

Крстевска Цалева беше избрана пред 7 дена, а нејзиниот избор е наведен од владата како причина за почеток на процедура за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Членови на Советот на јавни обвинители, меѓу кои и државниот обвинител Коцевски на денешната седница го добиле барањето и одлучија да го разгледаат и конечна одлука да соопштат на наредната седница.

Коцевски рече дека денеска е запознаен со барањето и не сакаше да коментира на новинарско прашање дали пресвртот се случил поради притисокот на власта која отвори постапка за негово разрешување од позицијата државен обвинител. Коцевски рече дека за времен раководител на Вишото јавно обвинителство ја предложил Наташа Крстевска Цалева затоа што е последен избран виш обвинител и не била дел од нарушените односи во обвинителството.

Претседателката на Советот на Јавни Обвинител Душица Димитриевска рече дека одлуката ќе биде донесена на наредната седница и не прецизираше кој обвинител ќе раководи со Вишото скопско обвинителство до тогаш.

Коцевски ја предложи обвинителката Крстевска Цалева, а Советот на јавни обвинители минатата недела едногласно ја избра за вршител на должност бидејќи претходниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулаху е суспендиран и не може да ја врши функцијата затоа што против него има дисциплинска постапка поради сомнежи за криење и месетење предмети, има кривична истрага за мобинг врз вработени и обвинители, а Хајрулаху исто тка споделуваше и снимки од следење на новинарка.

На овој начин, Вишото јавно обвинителство Скопје повторно нема раководител, Хајрулаху не може да го води поради суспензијата, а на неговиот заменик Јово Цветановски му истекол мандатот на 31-ви декември лани и не бил избран нов заменик. И за Цветановски има дисциплинска постапка затоа што отфрлал жалби или не ги поднесувал жалбите за 4 предмети водени од основните обвинителства. Двајцата суспендирани пак тврдат дека се цел на државниот обвинител кој сака да ги разреши.

Поради изборот на Крстевска Цалева, владата покрена иницијатива за разрешување на Коцевски, а на денешната владина седница треба да се расправа за извештајот подготвен од Министерството за правда.

Предлогот за разрешување на Коцевски денеска на владина сендица

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Големи протести во Белград

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 16.3.2025

Дејан Дејан

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе