Вести Најважни Свет

Златна доба на САД, присвојување на Гренланд и контрола врз Панамскиот канал – Трамп го започна својот мандат

„Златната доба на Америка започнува токму сега“ истакна Трамп.

Ова се првите зборови на Трамп кои одекна во Капитол откако даде заклетва. Го почна вториот претседателски мандат со оптимизам со кој ја најави новата ера на национален успех како и извршните наредби како прв чекор во обновата на САД. Во фокусот се илегалните мигранти, граничните премини, развојот на фосилните горива и крај на програмите за различност.

„Секој нелегален влез веднаш ќе биде запрен и ќе започнеме со процесот на враќање на милиони и милиони криминални илегални емигранти назад во местата од каде што дојдоа. Ќе ја вратиме мојата политика „Останете во Мексико“. Ќе ја прекинам практиката на фаќање и ослободување. И ќе испратам војници на јужната граница за да ја одбијам катастрофалната инвазија на нашата земја. Според наредбите што ги потпишав денес, ние исто така ќе ги означиме картелите како странски терористички организации“ изјави  Трамп.

Криза на американската влада, корумпиран естаблишмент, неефикасност на здравствениот и образовниот систем и високите трошоци се дел од низата критики кои Трамп ги упати до претходната администрација. Најави промени во овие сектори и  се осврна на тешкотиите кои ги доживеал за време на изборната кампања. Го спомна и обидот за атентат за кој рече дека бил спасен од Бога со мисија да ја направи Америка повторно голема.

„Мојот неодамнешен избор е мандат за комплетно и целосно да го поништам ужасното предавство и сите овие предавства што се случија, и да им ја вратам на луѓето верата, нивното богатство, нивната демократија и навистина нивната слобода. Од овој момент, падот на Америка заврши“ истакна Доналд Трамп, претседател на САД.

Целта на новоизбраниот претседател е да го инспирира светот со својата сила и авторитет. Во своето обраќање истакна дека ќе се бори за светски мир и обединување, како и проширување на американската територија, стекнувајќи го Гренланд и преземајќи контрола на Панамскиот Канал.

„Моето најгордо наследство е што ќе бидам миротворец и обединувач. Тоа е она што сакам да бидам, миротворец и обединувач. Со задоволство можам да кажам дека од вчера, еден ден пред да ја преземам функцијата, заложниците на Блискиот Исток се враќаат дома кај своите семејства“ додаде Доналд Трамп.

На Инаугурација присуствуваа бројни познати личности од светот на бизнисот како Марк Закенберг, Џеф Безос, додека од политичката елита присуствуваше досегашниот, Џо Бајден како и поранешните претседатели на САД Бил Клинтон, Џорџ Буш и Обама. Поради ниските температури во Вашингтон Свеченоста се одбележа внатре во Конгресот. Светските медиуми веќе го објавуваат раскошното мени што ќе биде на ручекот за гостите на инаугурацијата.

Теа Димковска 

Вонредна состојба на јужната граница, испраќање војска, картелите стануваат терористички организации – дел од пораките на Трамп во обраќањето по заклетвата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоопределување со нова победа на изборите во Косово, но за влада ќе мора да бара коалиционен партнер

Дејан Дејан

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе