По свечената заклетва, новиот американски претседател Доналд Трамп одржа и говор во Капитол во кој, меѓу другото, порача дека „почнува златното доба на Америка“.
Тој најави дека веднаш ќе донесе наредба за прогласување на вонредна состојба на јужната граница на САД.
„Ќе потпишам низа историски извршни наредби. Со овие ќе започнеме целосна реставрација на Америка и револуција на здравиот разум. Се е во здравиот разум. Прво ќе прогласам вонредна состојба на нашата јужна граница. Секое илегално влегување ќе биде веднаш запрено, а ние ќе започнеме процес на враќање на милиони и милиони криминални странци на место од каде што дошле. Повторно ќе ја воспоставиме мојата политика „за останување во Мексико“. Ќе прекинам со праксата на фаќање и пуштање и ќе испратам трупи на јужната граница да ја одбијат оваа погубна инвазија на нашата земја. Според наредбите што ги потпишав денеска, картелите ќе ги означиме како странски терористички организации. Со повикување на законот од 1978 година, ќе апелирам до владата да ја искористи големата моќ на федералните и државните органи за спроведување на законот и елиминирање на присуството на сите банди и криминални мрежи кои носат разорен криминал на територијата на САД“, рече меѓу другото Трамп.