Вести Македонија

Карпош накратко остана без снабдување со електрична енергија, причина испад во трафостаница

Општина Карпош повторно доби електрична енергија откако претходно поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад” населеното место остана во мрак.

Информацијата за ТВ Телма ја потврдуваат од ЕВН.

– Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината, информираат од ЕВН.

Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.

Од таму велат дека во моментов се уште се работи на потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ смирува: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво

Kristina Kuzmanovski

Телма во Тиват: Самит што може да го смени патот кон ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе