Вести Македонија Најважни

Брачна двојка загина во пожар во Крива Паланка

(ФОТО Pixabay) Сопружници на постара возраст загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата на двете жртви се откриени по интервенција на противпожарната единица.

Повикот стигнал пред 9 часот, а бил пријавен пожар на спрат во семејна куќа во градот. Интервенирале две возила и 9 пожарникари, ни одговорија од надлежната служба.

По гаснењето на пожарот пронајдени се двете жртви.

Се врши увид на местото на трагедијата. Првични претпоставки се дека пожарот почнал 4 до 5 часа пред да биде пријавата односно уште во текот на ноќта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе