Десет лица загинаа во разорните пожарите кои го зафатија Лос Анџелес, а се очекува бројот на жртви да расте. Активни се пет жаришта. Над 10 илјади објекти се пеплосани. Изгорена е површина со големина на Мајами, два и пол пати поголема од Менхетен, Сан Франциско и Бостон. Погодените области изгледаат на апокалиптични сцени непрепознатливи за жителите. Прогласен е полициски час, а националната гарда патролира на улиците. Уапсени се 20 лица за грабеж, а има и осомничени за потпалување.
- „Само да резимираме за евакуациите за сите пожари со кои се справуваме, наредбите за евакуација стојат на приближно 153.000 жители кои се под наредба за евакуација и приближно 57.830 структури во опасност. А потоа предупредувања за евакуација, приближно 166.800 жители под двете предупредувања“ изјави Шериф Роберт Г. Луна на округот Лос Анџелес.
Пожарот во Палисадес засега е локализиран за шест отсто, додека пожарот Итон воопшто не е локализиран. Пожарот во областа близу Калабасас која се смета за дом на многу познати личности е 35 отсто под контрола, додека во пожарот Кенет за неколку часа изгореа 388 хектари. Пожарите Херс е локализиран за 37 отсто, а пожарот Лидија кој се смета за најмал е 75 отсто локализиран. Пожарникарите успеаја да го стават под целосна контрола пожарот на Сансет во населбата Холивуд Хилс.
Градоначалничката на Лос Анџелес се надева на брзо преминување во фаза на закрепнување.
- „Ќе го поминам секој момент за да можам да се уверам дека сум во што е можно повеќе области, сретнувајќи и разговарајќи со жителите за да видам што е потребно во закрепнувањето. Но, исто така спомнав дека преминуваме во режим на закрепнување во исто време, што значи дека сакаме да го видиме градот како се враќа во нормала“ соопшти Карен Бас, градоначалничката на Лос Анџелес.
Најавени се ветрови кои повторно може да ја влошат ситуацијата. Прогласена е состојба на голема катастрофа од страна на претседателот Бајден вети дека Владата ќе покрие 100 проценти од трошоците во следните 180 дена за отстранување на урнатините, привремените засолништа и платите на спасувачите.
Прогнозата за посилни ветрови ги зголемува стравувањата дека пожарите би можеле дополнително да се шират, а и има предупредување со црвено знаме – што укажува на критични услови за нови можни пожари.
Tea Димковска