Балкан Вести

Училишните синдикати во Хрватска протестираат против новиот Закон за плати и системот за оценување

Во организација на Синдикатот на науки, Училишниот синдикат „Препород“ и Независниот синдикат на вратените во средните училишта во Загреб се одржува протест поради незадоволството од новиот Закон за плати и системот за оценување што треба да стапи во сила во јавните служби од први јануари.

Собирот на демонстрантите на „Адвентскиот протест против оценувањето и неправедните коефициенти“ почна во 13 часот на плоштадот Република Хрватска, од каде што поворката се упати кон плоштадот Бан Јелачиќ, поради што во сила е специјална регулација на трамвајскиот сообраќај.

Многумина демонстранти го изразија своето незадоволство со свирежи, синдикални знамиња и транспаренти како: „Коефициентите се неправедни, бараме промени“, „АП драго мое, наставниците би сакале малку од твојата плата“, „Без акција нема реакција“, „Оценување: Одмазда на лошите ученици со нивните професори“, „Коруптивната власт ја краде иднината“ и „Сè уништивте, но образованието не го даваме“.

Организаторите во пресрет на протестот рекоа дека е клучно да се укаже на нивното незадоволство за воопшто да има измени во Уредбата за коефициенти за пресметка на платите, а имаат три синдикални барања.

Првото е изземање од системот за евалуација или промена на целиот концепт, второто е елиминирање на отпуштањето како последица на оценување во јавните служби и третото е бришење на границата од 20 проценти за договарање додатоци преку колективни договори.

Покрај оценувањето, големо незадоволство кај членовите на синдикатот има и поради неправедно поставените коефициенти кои повторно ги позиционираат вработените во образованието и науката во втор план во однос на другите делови од јавниот сектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе