Додека од МВР не откриваат нови детали за одземените записници од Судски Совет, со образложение дека во тек е предистрагата, премиерот веќе знае, соопшти нови детали и најави кога ќе биде расчитено.
„Конкретната акција од вчера е како што кажавте со цел да се потврди основаното сомневање за фалсификат на записници од работата на Судскиот совет преку кои, практично се манипулирала волјата и мислењето на членовите на Судскиот совет од страна на поединци. Очекувам дека и тоа многу скоро денеска ќе биде расчистено“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
А сомнежот во јавноста прв го фрли токму премиерот кој од собраниска говорница спомна за фалсификувни записници во Судски. Доскорешната претседателка на Судскиот Совет Весна Дамева која си поднесе оставка и поради политички притисок му порача на Мицкоски, ако смета дека има докази да пријави во обвинителството ако не јавно да се извини .
Една недела после оставката, МВР и полицијата почнаа постапка и побарале наредба од обвинителството за два записници кои ги земале вчера попладне.
Според информации на Телма станува збор за записници од состаноци на кои се расправало за траењето на претседателскиот мандатот на Дамева.
Од Советот не ги коментираат обвинувањата за злоупотреби.
„Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството“, соопшти Судски Совет.
Во Судски совет вчера претпладне тропнал и истражител од обивнителството за да го земе досието од дисциплинската постапка на судијата Енвер Беџети – кој 9 месеци во фиока го држеше предметот за масовното прислушување, а доби парична казна. Овој потег следи откако државниот обивнител Коцевски оформи предмет, по ставањето на црната листа на Беџети и Груби за поткуп поврзан со судските процеси на екс директорот на УБК Мијалков.
“Истражител од Истражниот центар на обвинителството ги побара и ги презеде од Судскиот совет сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во предметот познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“. Се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот“ соошти ОЈО Скопје.
По црната листа и судски со нова иницијатива за разршеување на Беџети, објави вчера Телма
На прашање за новите имиња на црната листа, евроамбасадорот Рокас дека судството треба да ги преземе сите активности за сите случаи на корупција.
„Она што е важно е дека судството треба да ги преземе сите активности, не само за овој посебен случај, туку за сите случаи на корупција се со цел да може да се осигура дека судството ќе биде независно и дека ќе може да презема дејствија за да се справи со прашањата на корупција. Мислам дека тоа што е најважно е судството да стане независно бидејќи тоа е клучно за идниот интегративен процес на вашата земја во ЕУ“, изјави Михалис Рокас, евро-амбасадор.
А Судскиот совет деновиве е во центарот на вниманието и поради новоизбраната членка Апелационата судијка од Штип Данка Ристова сопруга на градоначалникот на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Комплетна партизација и враќање на сваровски судството кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски реагираат и денеска од СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ Ристова е професионалец а избрана со мнозинство гласови од судиите од штипското апелационо подрачје.
Елена Ивановска Мукоска