Вести Македонија Топ вести

Единаесет повредени деца во Скопје од „Тик-Ток“ предизвикот ,,Супермен’’

Од „Тик-Ток“ предизвикот познат како ,,Супермен’’, најмалку 11 деца во Скопје завршиле во болница. Најмладиот има само 10 години. Билансот е во последните 4 дена.

Состојбата кај сите нив е стабилна и се пуштени на домашно лекување, вели за Телма, директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

„Од 2 до 5 декември, денеска до 13 часот, има 11 по тој механизам на повреда, 10 години е најмладиот, а највозрасниот 16. Сите се пуштени на домашно лекување, веднаш по дијагностиката и имобилизација во два случаја, каде што се работело за скршеници“, изјави за ТВ Телма директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Климент Охридски“, доктор Небојша Настов.

Предизвикот „Супермен“ е кога повеќе лица креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен. Но, играта станува сериозна кога лицето треба да застане на нозе. Се случува  тоа да е неуспешно и „Суперменот“ паѓа на земја со огромна шанса за сериозни повреди.

(Видео )Нов Тик Ток тренд „супермен челинџ“ стигна и до тинејџерите во Македонија

Во Романија за еден ден имало неколку интервенции од итната медицинска помош, а во Израел 19 деца завршиле во болница.

Загрижувачкиот феномен го вклучи алармот и во соседна Албанија. Тамошната Управа за аудиовизуелни медиуми испрати предупредување за родителите и тинејџерите да не наседнуваат на опасниот тренд во кој малку се лета, но лошо се паѓа.

Мартин Трајчевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Какви зделки стојат зад унгарскиот кредит за кој новиот премиер Маѓар најави истрага

Дејан Дејан

Водата во Крушево е забранета за пиење, перење или за миење садови – може да се користи само како техничка вода, велат од ИЈЗ

Sonja Petrusevska

Загадувањето на водата за пиење во Гостивар го отвори и прашањето за заштитата на критичната инфраструктура во земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе