Вести Македонија Најважни

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Од утре бојкот на наставата во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Аеродром, кое е едно од најголемите училишта во Македонија. Родителите одлучија да не ги пуштат нивните деца на настава во знак на револт бидејќи институциите не го решаваат проблемот со ученикот кој има историја на насилство.

Министерката за образование смета дека овој случај доби премногу јавност. Вели дека Министерството за образование нема ингеренции за случајот. Децидна е дека детето не смее да остане на улица туку училиштата се должни да ги решаваат овие проблеми посериозно. За овој случај вели дека стручните лица препорачале ученикот да го промени училиштето.

Овој случај трае премногу. Преземени се одредени мерки, па дури и МОН формираше Комисија која се вмеша во решавање на проблемот. Препорачано е детето да ја промени средината, изjави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Таа вели дека доколку поради ова дете се дозволило други деца да се отпишат од училиште тогаш виновни се стручните служби од училиштето.

Проблемот можеби е голем, јас не сум запознаена со деталите. Но, затоа постои систем за да го реши проблемот. Ако било дозволено да се отпишуваат ученици заради присуството на ова дете тогаш ние вината не треба да ја бараме ниту кај родителите ниту кај учениците. Системот затоа постои. Училиштето има препораки и упатства, додаде Јаневска.

Јаневска ги повика директорите и градоначалниците да го решат проблемот. Доколку за неколку дена тие не успеат да го решат проблемот ќе се вклучи Министерството. Вчера, учениците од училиштето „11 Октомври“ во Општина Центар ја бојкотираа наставата откако дознале дека проблематичниот ученик треба да се запише во нивното училиште.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коцевски изјави дека се преземаат активности за бегалецот Груби

Дејан Дејан

Сите станари од опожарениот дом во Чемерско се стабилни во болницата во Кавадарци – очекуваат да ги земат најблиските

Дејан Дејан

Завршија тендерите за над 200 проекти, општините конкурирале за 288 за средства од првата транша на унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе