Вести Македонија Најважни

Во Струга откриени неколку тона марихуана, полицијата и обвинителството почнаа истрага

(ФОТО АРХИВА) Во магацин во Струга, пронајдени се неколку тони марихуана, потврдија за Телма, извори запознаени со ова откритие. Веднаш по откривањето на лице место се излезени надлежни полициски тимови и обвинител со што е отворена постапка.

Според првичните информации, марихуаната е произведена во Македонија и не е увезена од странство. Во Македонија, често се увезува или испраќа марихуана со подобар квалитет од странство за да се произведе во масло од канабис, во неколку погони кои во државата имаат легална дозвола за таков бизнис.

Во моментот, се проверуваат документите во магацинот каде е најдена марихуаната и се утврдува количината на откриената стока.

Од МВР не соопштуваат детали бидејќи акцијата е во тек.

-Ве информираме дека во тек е акција на подрачје на СВР Охрид, кадешто Министерството за внатрешни работи во координација со други надлежни институции презема мерки и активности за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Според тоа, а согласно одредбите од ЗКП во овој момент не сме во можност да Ви соопштиме повеќе детали за предметните активности. По целосно завршување на активностите кои се преземаат по насоки на надлежен јавен обвинител, ќе бидете информирани, ни одговорија од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе