Шест нови еколошки автобуси, донирани од Европската Унија, пристигнаа во депоата на ЈСП Скопје, како дел од проектот за намалување на аерозагадувањето и подобрување на јавниот превоз во главниот град.
Проектот вреден 10 милиони евра има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и да ги охрабри да размислуваат за користење на јавниот превоз, намалувајќи го аерозагадувањето и потрошувачката на гориво.
На денешниот настан му претходеше кавга меѓу Град Скопје и Владата за тоа на кого му припаѓаат заслугите за реализацијата на овој проект.
