Вести Македонија Топ вести

Анонимни членови на ЛДП бараат смена на раководството

Членови на ЛДП бараат Конгрес и смена на партиското раководство кое, како што тврдат, сака партијата да ја внесе во владејачката коалиција. Преку соопштение ги информираа медиумите дека формирале иницијативен одбор за промени поради, како што велат,  непринципиелната пазарџиска политика и недемократското водење на партијата, но нема никакви информации ниту потпис кој стои позади иницијативата. Тврдат и дека, пред два дена  битолското ЛДП отворило дебата дали партијата да се приклучи кон владејачкото мнозинство. Поголемиот дел од присутните бурно реагирале, понудата ја нарекле непринципиелна, затоа што уште не се ни симнати билбордите од коалицијата со СДСМ но, имало и неколкумина поддржувачи на идејата. Тврдат дека, членството било информирано дека преговорите со владејачката ВМРО ДПМНЕ течат и дека е во тек прецизирање на постапката.

Но, генералниот секретар на партијата тврди дека ништо од ова не е точно.Во Битола биле на семинар и панел дискусија и воопшто не станало збор за понатамошното дејствување на партијата.

„Немаме преговори со никого, во моментов сме сконцентрирани на зајакнување на општинските организации во пресрет на локалните избори. Во партијата има одреден број на членови кои поради лични апетити бараат брзи решенија, но таквите одлуки се носат меѓу две собранија и Централниот одбор, кој ќе биде свикан во најбрз можен рок. Се уште не сме донеле ниту одлука како ќе дејствуваме на локалните избори„, вели Боби Мојсоски, генерален секретар на ЛДП.

Претседателката на партијата, Моника Зајкова неделава е во Соединетите американски држави, како дел од собраниската делегација која ги набљудуваше изборите. По нејзиното враќање ќе биде свикана седница на Централниот одбор, на која ќе се дебатира за понатамошните потези.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе