Лидерите ширум светот со честитки на интернет до Трамп кој е на прагот на победа во претседателската трка во САД.
Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј рече дека ја цени посветеноста на Трамп за „мир преку сила“ додека републиканскиот претседателски кандидат се приближува до изборните гласови потребни за победа во Белата куќа.
– Се сеќавам на нашата одлична средба со претседателот Трамп во септември, кога детално разговаравме за односите Украина-САД, стратешкото партнерство, планот за победа и начини да се стави крај на руската агресија врз Украина“, напиша Зеленски на социјалната платформа „Х“.
Зеленски истакнува дека Украина е заинтересирана „за развивање на заемно корисна политичка и економска соработка што ќе им користи на двете нации“.
Се радуваме на ерата на силни Соединети Американски Држави под решително водство на претседателот Трамп“, додаде тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, ги објави своите честитки на платформата „X“. – Подготвени да работиме заедно како што можевме да направиме во текот на претходните четири години. Со твоите и моите убедувања. Во почит и амбиција.За повеќе мир и просперитет, стои во пораката на Макрон
