Секојдневните митинзи завршија, политичките реклами кои со месеци ги бомбардираа Американците исто така, а завршуваат и бескрајните анализи на предизборните анкети. Доналд Трамп или Камала Харис, Американците одлучуваат денеска.
Сите очи и денеска за последен се вперени во седумте непредвидливи држави, каде што ниту еден од кандидати не се издвои во предизборните анкети. Токму во нив беше фокусиран и последниот ден на кампањата,
Потпретседателката Камала Харис, целиот вчерашен ден го помина во Пенсилванија, според аналитичарите најважната од седумте држави.
„Ова е тоа, само уште еден ден, остана само уште еден ден во едни од највлијателните избори во нашите животи. Моментумот е на наша страна! Можете ли да почувствувате?“ Изјави Камала Харис
Трамп беше малку поактивен, одржа митинзи во Северна Каролина, Џорџија и Пенсилванија фокусирајќи се на нелегалната миграциј, едно од неговите главни предизборни кампањи, каде накетите покажуваат дека Американците имаат далеку поголема доверба во него, отколку во Харис.
Сега имаме нов претседател во Мексико, наводно станува збор за многу добраена. Не сум ја запознал, но на првиот ден од мандатот ќе ја информирам дека ако не го запрат напливот на кримјиналци и дрога во нашата земја, ќе воведам 25 проценти царина на се што произаведуваат и испраќаат во САД изјави Доналд Трамп
Речиси 80 милиони Американци гласаа преку пошта или го искористија правото за порано гласање. Оваа бројка ги охрабрува и двата табори. Демократите затоа што 54 проценти од гласачите по пошта се жени, додека пак надеж на републиканците има дава фактот што бројот на таквите гласачи во нивните редови се зголемил за речиси 6 проценти. Дали тоа ќе биде доволно, ќе покажат резултатите.
За Телма од САД известуваше нашиот специјален известувач Игор Трајков
