Сите очи и денеска се вперени во седумте непредвидливи држави во САД, каде што ниту еден од кандидати не се издвои во предизборните анкети.
Токму во нив беше фокусиран и последниот ден на кампањата, а денеска отпочна гласањето за претседател на САД.
Од утрово се гласа во САД. Граѓаните избираат помеѓу Камала Харис и Доналд Трамп, но и за претставници во конгресот.
Безбдносните служби се на нозе, фокусот на полицијата е во Вашингтон кога минатите избори ескалриаше сиутацијата.
Традиционалниот прв изборен резултат на претседателските избори во САД во 2024 година е од малото село Диксвил Ноч, во северниот дел на Њу Хемпшир. Резултатот е т.н. мртва трка: три гласа за Камала Харис и три за Доналд Трамп. За само 12 минути беа пребројани и потврдени гласовите на шестмина жители на таа мала заедница во близина на канадската граница, кои со децении гласаат на полноќ на денот на изборите.
Таму е специјален известувачот на Телма, Игор Трајков, кој ги следи изборите во САД. Денеска се гласа и за претседател но и за претставници во конгресот.
Целиот извештај на Игор Трајков, кој се јави од Вашингтон за Вестите на Телма во 15.30, во видеото подолу
