На само ден пред претседателските избори вниманието на двајцата кандидати е насочено кон 7-те т.н свинг држави, односно држави кои за разлика од другите не гласаат редовно за истата партија. Висконсин, Мичиген, Пенсилванија, Невада, Аризона, Северна Каролина и Џорџија, вкупниот број на севажните електорски гласови на оваа група држави изнесува 93, што при вака изедначен сооднос на силите е завидна бројка. Голем дел од последниот месец од кампањата Доналд Трамп и Камала Харис го поминаа токму во овие држави, таргетирајќи ги и последните колебливи гласачи.
И покрај оваа офанзива, нивите пораки последните недели од кампањата воопшто не се сменети. Свесно или не, и двајцата кандидати ги удвојуваат напорите кај гласачките тела кеде што се најдобри.
„Нема да се вратиме назад бидејќи ова е нашата борба за иднината. Тоа е борба за слободата, вклучувајќи ги основните слободи жените самите да одлучуваат за сопственото тело, а не владата да и кажува што да прави. Кога Конгресот ќе го усвои законот, сите знаете што ќе направам. Како претседател на САД гордо ќе го потпишам.“ изјави Камала Харис
Кога ќе успее да се воздржи од лични напади врз неговите политички противници и коментирање лажни информации дека нелегални мигранти јадат домашни миленилиес, Трамп во оваа кампања се обидува да зборува за економијата.
„Ние го имаме единственото што го посакуваат, но нема уште долго да го имаме грнето со злато, бидејќи како овие идиоти ја водат државата наскоро ќе станеме пропадната држава.“ изјави Доналд Трамп
Последните анкети покажуваат дека двајцата кандидати се во мртва трка, како на национално ниво, така и во секоја од свинг државите. На национално ниво, предноста од 2 или 3 проценти која ја уживаше Харис кон крајот на август се сведе на 1 процент, а во рамки на статистичка грешка се и водствата и во седумте свинг држави. Поради овие причини никој не се осмелува да прогнозира победник, туку напротив, има најави дека конечниот резултат може да се дознае дури во сабота, 4 дена по изборите.
Од Вашингтон за утринската програма на Тв Телма се јави нашиот специјален известувач Игор Трајков.
